Демократски сојуз


повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...
123...16                 


25.03.2021

Демократски сојуз:Самостоен настап на локални избори со непартиски кандидати за градоначалници

Откако почнаа да делуваат самостојно во Собранието, дел од коалициските партнери на СДСМ најавуваат самостоен настап и на претстојните локални избори.

повеќе...

28.03.2021

Демократски сојуз: Амандманската расправа да трае најмногу 10 дена 

Демократскиот сојуз ја иницира потребата да се измени Деловникот за работа на Собранието на РС Македонија, со кој ќе оневозможи блокада на носењето на закони. 

повеќе...

29.03.2021

Демократски сојуз: Граѓаните бараат договор и резултати

Демократскиот сојуз го поздравува постигнатиот договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за одлагање на пописот од здравствени причини, за одблокирање на парламентот, како и за постигнување договор за изборното законодавство.

повеќе...

29.03.2021

Демократски сојуз: Граѓаните да можат слободно да патуваат во странство

Демократскиот сојуз најостро ја осудува изјавата на министерот за економија, Крешник Бектеши, според кого, нема да се разговара со Грција...

повеќе...

08.04.2021

Трајанов за DW: Пасошката афера ќе предизвика тектонски потреси

Подолго време иницирам да поминат низ „сито“ вработените во МВР и во други безбедносни служби - без кадровско прочистување ќе се загрозува националната безбедност.

Повеќе од извесно е дека аферата со издавање фалсификувани пасоши ќе има тектонски раздвижувања од пошироки размери и во нејзиното расчистување ќе се вклучат и најразвиените и моќни разузнавачки служби, смета поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на владејачкиот Демократски Сојуз, Павле Трајанов.

„Издавањето на пасоши на нарко босови и лица опасни по безбедноста на други држави, ќе се одрази на меѓународниот углед на Македонија, на третманот во НАТО, како и на евроинтеграциските процеси. Подолго време иницирам да поминат низ ‘сито’ сите вработени во МВР и во другите безбедносни служби. Во АНБ тој процес е при крај. Без кадровско прочистување и натаму ќе се загрозува националната безбедност, особено ако во витални сектори во безбедносните служби работат лица без целосни безбедносни проверки согласно со стандардите на НАТО", потенцира Трајанов.

Дали е ова само врв на ледениот брег?

Во февруари годинава МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36 лица, од кои осум вработени во МВР, бидејќи фалсификувале возачки дозволи за потребите на лица кои немаат положено возачки испит. Фактот дека овој случај воопшто не го вклучил алармот кај нивни колеги кои работеле на друга „проблематика“ - фалсификување патни исправи, говори дека тие се чувствувале сосема комотни да продолжат со незаконските активности.

Од каде чувството дека некој ништо не им може?

„Партиите треба да се откажат од патерналитетот над кадрите кои со списоци ги вработувале, и да не го условуваат опстанокот на Владата и министрите со амнестија на нивните криминални кадри“, вели Трајанов.

Покрај безбедносниот аспект, ова нѐ враќа и на вечната тема „реформа на јавната администрација“, која никако да започне, но и на фактот дека позитивната дискриминација при вработувањето редовно замижува пред мерит-системот, во интерес на етничките квоти предвидени според принципот на соодветна застапеност.

Ќе има импликации

Досега за акцијата нема никаков одглас од Амбасадата на САД во Скопје, чија регионална канцеларија за безбедност и истраги беше спомната од министерот Оливер Спасовски, во функција на „поддршка на истрагата“ за случајот „Двојник“.

Безбедносни експерти со кои разговараше ДВ, велат дека комплетните импликации од овој случај ќе бидат познати кога ќе се знае профилот на сите лица што добиле пасоши со туѓ идентитет.

Повеќе на темата:

Лажен идентитет за 20 илјади евра – како функционирала групата која „штанцала“ пасоши

Пасоши за мафијаши: Осомничените купувале скапи возила и недвижности

МВР со детали: Како се издавале македонски пасоши со лажен идентитет

„Во јавноста засега се вртат четири имиња од 215 случаи. Воопшто не го знаеме профилот на другите лица кои добиле патни исправи. На пример, не знаеме дали добивале пасоши и повратници од боиштата на Блискиот Исток. Импликации секако ќе има, но нивната, и поединечна и вкупна закана за безбедноста, може да се одреди кога ќе ги знаеме сите податоци“, вели нашиот соговорник.   

На домашен терен веќе е испорачана една политичка „фактура".

„Со колку сведоци добиле државјанство овие 214 криминалци? Како може да поминат низ филтрите на МВР без да бидат прогласени опасни по државата? Дали тие се опасност за државата или опасност се стари лица над 80 години, за кои бараме да добијат државјанство“, прашаа од Алијанса за Албанците.

Со ова од партијата алудираа на предлозите за докажување државјанство со сведоци содржани во нивниот предлог-закон кој Владата не го прифати, па сега е неизвесно дали во претстојните разговори со премиерот Заев ќе го користат скандалот со фалсификуваните пасоши за да ја засилат нивната аргументација во одбрана на партискиот предлог-законот за државјанство.

Комплетен ремонт

Во меѓувреме, рефлекторите остануваат свртени кон МВР, не само поради актуелниот случај, туку и поради многу незавршени домашни задачи.

„Пасошите со позајмен идентитет само потврдуваат дека системските и непосредните контроли затаиле, дека во фалсификатот учествувале повеќе лица, дека имало постредници итн.

Зошто досега не се проверија и фантомските гласачи сo креирани единствени матични броеви, издадените државјанства и лични карти“, прашува Трајанов.

Партијата што тој ја предводи, Демократски сојуз, вчера предложи да се изврши целосен кадровски ремонт: безбедносни проверки за сите вработени во МВР и другите безбедносни сектори, тест за интегритет, здравствената способност, проверка на имотната состојба и досегашната работа и резултатите од работата. ДС смета дека треба да им се забрани членување во политичка партија на припадници на службите за безбедност, да се зајакне раководниот тим во МВР со врвни професионалци, да се имплементираат контролни механизми во работата на сите сектори. Партијата бара да се направи ревизија на издадените државјанства, на внесените единствени матични броеви, впишувањата во матичните книги на родените, издадените лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, дозволи за поседување и носење оружје, како и за издадени обични, дипломатски и службени патни исправи.

Од ДС реагираат што повеќе од 20 години селекцијата за прием во безбедносните служби ја прават партиите и се доминантни при конечната одлука за вработување, без да се почитуваат цврстите критериуми и други параметри клучни за конечната оценка - дали некој може да биде дел од највиталните институции во државата. „Изостануваат контролни механизми во работата на овие сектори и служби, а присутно е и одлевање на класифицирани информации до криминалните групи, бизнисмени, а најмногу до политичките партии", реагираше ДС.

Партијата предложи за состојбите во МВР и во другите безбедносни служби да се отвори расправа и во Собранието.

Извор:DW


13.04.2021

Демократски сојуз: Павле Трајанов предлага формирање на Агенција за борба против тешките облици на криминал и висока корупција

На денешната расправа за Националната стратегија за борба против корупцијата, Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, меѓу другото нагласи:

повеќе...


15.04.2021

Демократски сојуз: Балкански рулет

Во контекст на нон-пејперот на словенечкиот премиер, Демократскиот сојуз смета дека идеите за прекројување на границите на Балканот се опасна игра со потенцијал да предизвика силни реакции...

повеќе...


16.04.2021

(ВИДЕО):Трајанов за Зоом МК:  Политичка и кривична одговорност за врвот на МВР што не го спречил издавањето на пасоши за нарко мафијата

Не треба да има само политичка, туку и кривична одгововорност за сите вклучени во аферата со издавање македонски пасоши на нарко босови од регионот и за оние што не ја вршеле работата како што треба.

повеќе...


15.05.2021

(ВИДЕО) Павле Трајанов за Канал 77: Ние сме против дилот на Заев и Мицкоски за амнестија на криминалот за дивоградбите

Според Павле Трајанов, лидерот на Демократскиот сојуз законот за легализирање на дивоградбите очигледно е договор мегу двете најголеми партии произлезен од тет а тет средбата...

повеќе...

22.05.2021

Демократски сојуз:За канцерогеното масло и опасниот отпад предупредивме,но реакција немаше

Демократскиот сојуз на 2 февруари 2020 година одржа ТРИБИНА на која беше објавена аферата со увозот на канцерогено масло и опасен отпад...

повеќе...

25.05.2021

Трајанов за ТВ 24: Со законот не бараме амнестија, помилување, аболиција, бараме шанса за фер судење

Павле Трајанов во емисијата 24 Отворено истакна дека тој како подносител на Предлог-законот за преиспитување на факти и докази...

повеќе...


13.06.2021

Демократски сојуз: ЕУ, борбата против криминалот и департизацијата

За Демократскиот сојуз врвен национален и стратешки приоритет е полноправно членство во Европската унија,за што постои граѓански и политички консензус.

повеќе...


Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners