ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ГРЕШКИ СО ИСТОРИСКИ ДИМЕНЗИИ

16.08.2022

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ГРЕШКИ СО ИСТОРИСКИ ДИМЕНЗИИ

 

 

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што се отвора процес на бугаризација на Македонија.

Работата на оваа комисија е рефлексија на решенијата содржани во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија со кој се дефинира заедничка историја и формирање на Комисија за историски и образовни прашања.

Формулациите за заедничко чествување на Светите Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил и препораките за менување на учебниците во двете земји кои ги усогласила заедничката комисија, директно го менуваат историскиот наратив во полза на бугарската национална и етничка кауза во Македонија.

Демократскиот сојуз оценува дека е неприфатливо со административни комисии и решенија да се менува минатото, со интенција со релативизирање на историските факти да се негира и обезличува македонскиот идентитет. Ова е безуспешен обид на транспозиција на современата свест во далечното минато и погрешно сфаќање на историјата, формирана во периодот на комунизмот.

Со оспорување на македонските просветители и револуционери кои се дел од КОДОТ на секој Македонец, се негира македонскиот идентитет, неговите корени и иднината. Да потсетиме, тој што нема историја, нема иднина, а токму тоа сега се прави.

Ги повикуваме историчарите од Македонија, од регионот и од Европа и сите прогресивни луѓе, да застанат зад историските факти во одбрана на македонскиот народ и неговиот идентитет, историја, култура и јазик.

Договорот е со фабричка грешка, бидејќи поаѓа од наводна заедничка историја која ги поврзува двете држави и нивните народи, но Бугарија под таа формулација подразбира „бугарска историја“.

Како држава, треба да ги процениме сите ризици од прифаќање на решенијата на Комисијата за историски и образовни прашања, како и од продолжување на нејзината работа, особено што овие обврски се дел од Протоколот потпишан од министрите за надворешни работи на двете земји и истовремено се составен дел на Преговарачката рамка за нашето пристапување кон ЕУ, кои Бугарија може да ги користи за уцени и блокирање на евроинтеграциските прооцеси на Македонија.

Дополнително, ваквите решенија не водат кон нормализирање и унапредување на соработката меѓу двата народа и двете држави, што е наш заеднички интерес. Напротив, тие ќе ја продлабочат недовербата во целиот процес и ќе отворат многу други болни прашања на внатрешен план.

Инаку само носители на политички и дравни функции, без национална свест и интегритет, како и со лукративни цели, можат да не водат сметка за македонските национални и државни интереси.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners