Демократски сојуз: Почнува расправата за формирање независна Агенција за борба против висока корупција и организиран криминал

19.4.2023 

Демократски сојуз: Почнува расправата за формирање независна Агенција за борба против висока корупција и организиран криминал

По долги години отпор од партиите, денеска Парламентот треба да ја почне расправата по Предлог законот за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, поднесен од пратеникот Павле Трајанов.

Со усвојувањето на овој закон се создаваат услови за искоренување на криминалот од функционери и други лица инволвирани во висока корупција.

За првпат во Македонија се формира независна Агенција за борба против тешките облици на криминал, над која нема да има партиско и политичко влијание или влијание од носителите на високи политички и државни функции.

Во законот се вградени системски решенија кои ја гарантираат самостојноста на Агенцијата при откривање и документирање на криминал со огромни димензии.

Оваа Агенција треба да открива тешки облици на криминал, да поднесува кривични пријави, да предлага конфискација на имотот стекнат на криминален начин, како и да предлага забрана на политичко дејствување.

Со Агенцијата ќе раководи директор кој ќе го избира борд од 12 лица со висок интегритет и резистентни на политички и коруптивни влијанија. Во Агенцијата ќе се ангажираат (околу 40) врвни професионалци, со посебни права и овластувања.

Инаку овој закон е дел од проектот ДЕКРИ, по чиј урнек вакви независни институции се формираа во БиХ, Србија, Хрватска, Словенија, Англија, Црна Гора и други држави. Само во Македонија постоеше и постои отпор да се формира независна институција за борба против организинираниот криминал, која нема да можат да ја контролираат партиите.

Во време кога Македонија е високо криминализирана, кога секојдневно се соочуваме со информации за криминал и корупција од високи размери, кога постојните институции се партизирани и парализирани, ги повикуваме пратениците да ги надминат теснопартиските интереси и да гласаат за започнување на борба против криминалот кој ги разорува институциите и државата во целина. 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners