12.04.2022
Павле Трајанов: Да запре војната во Украина
Пратеникот Павле Трајанов, учествува на Конференцијата на Парламентарното собрание на парламентите од Југоисточна Европа, Комисија за правда, внатрешни рабити и безбедносна соработка каде во своето обраќање нагласи:
"Правата на човекот, посебно правото на слобода на говор, на искажување на мисла, на верска определеност, не се остваруваат еднаш засекогаш, тоа е постојана борба, на поединецот и на сите нас заедно.
Во услови на војна се загрозени животите на многу граѓани, посебно на изнемоштените, децата и обичните граѓани, поради инвазијата на Русија во Украина, ние мораме да упатиме апел, војната да престане и на место артилеријата, да говори дипломатијата.
Сите ние како парламентарци имаме обрврска преку имплементација на Универзалната Декларација за Човековите Права, да градиме законски обврски за заштита на основните човекови права и вредности, но и морална обврска да се почитуваат тие права, посебно на ранливите групи.
Сеуште во светот, но и овде на Балканот и пошироко во Европа, милиони луѓе не ги уживаат основните човекови права. Поради тоа мораме да се бориме и инсистираме на почитување на правата на сите луѓе, посебно на оние поврзани со полот, религијата, расата, политичката определеност, социјалниот статус, сексуалната ориентација и слично.
Секогаш кога има кршење на правата, посебно кога се нападнати правата на ранливите групи, мора јавно да зборуваме, да градиме силен отпор и одговорност, тука се и невладиниот сектор, медиумите и социјалните мрежи.
Не смееме да молчиме, мораме да се бориме, сојузот на прогресивните сили и во демократијата се доминантни, но мораме да бидеме заедно
Тие што мислат дека треба да се штитат само интересите на државата, прават лоша услуга на автократите и тие што ги газат основните човекови права. Заштитата на ранливите групи зависи од системот, законите, институционалниот одговор но пред се од сите нас и од борците за човекови права.
Оваа борба за демократија, слобода и респект кон секого треба да продолжи''. На Конференцијата која се одржува во Атина, учестуваат пратеници од Грција,Турција, Македонија, Албанија, Романија, Хрватска, Бугарија, Молдавија и Косово, се расправа за човековите права, посебно за правата на ранливите групи