Демократски сојуз: Балансерот е минато, етничката припадност не смее да биде критериум за вработување

11.10.2024

Демократски сојуз: Балансерот е минато, етничката припадност не смее да биде критериум за вработување

Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на Уставниот суд да го укине т.н. Балансер, алатката за вработување според етничка припадност, со која директно се кршеше начелото на уставно загарантирано право на работа и слободен избор на вработување на сите граѓани, независно од нивната етничка, верска и социјална припадност.

Балансерот поттикна бројни злоупотреби и направи вистинска карикатура од декларирањето на етничката припадност на граѓаните, кои само за да се доберат до работно место во државната администрација, масовно лажно се прикажуваа како Албанци, Македонци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби.

Демократскиот сојуз нагласува дека мерит-системот треба да биде единствената алатка за вработување и унапредување на повисоки раководни места во државните и јавните институции. Што се однесува до соодветната и правична застапеност на етничките заедници, која исто така е уставна категорија, важно е да потенцираме дека припадниците на етничките заедници може да имаат предност при вработувањето во државните и јавните институции на национално и на локално ниво, единствено доколку со другите кандидати се изедначени во професионалните квалитети.

Тоа е суштината на позитивната дискриминација која се применува како успешен модел во некои мултиетнички општества на Запад.

Етничката припадност не може и не смее да биде критериум за вработување и за унапредување на раководни позиции во јавните институции. Законот за правична застапеност кој се најавува како замена за укинувањето на т.н. Балансер, мора да ги има предвид овие европски и светски стандарди.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners