07.07.2022
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ОСУДА НА НАСИЛСТВОТО И РИГОРОЗНИ КАЗНИ
Демократскиот сојуз најостро го осудува организираниот напад на учесниците на протестите и бараме брза реакција на службите за безбедност и полицијата. Првичните информации и објавените видеа и фотографии ги потврдуваaт сомневањата дека се работи за смислен напад и провокација со цел да се предизвикат судири од пошироки размери и потешки последици,меѓу другото и на меѓуетнички план.
Демократскиот сојуз инсистира на истрага со цел да се откријат организаторите на овој напад ,каде освен со камења, столици и други предмети, најмалку две лица користеа и огнено оружје. Протестите се демократско право на искажување на став и револт,но насилството и напади врз полицијата се недозволени. При масовни собири и протести,секогаш има поединци,но и организирани групи, кои смислено прават инциденти.
Ги повикуваме сите што протестираат да се воздржат од насилство,а кога нема формален организатор,партиите незадоволството на граѓаните да не го користат за партиски цели. Демократскиот сојуз докрај ќе ги штити националните и стратешките интереси на Македонија.