ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПРОМОЦИЈА НА ОПАСЕН ЕКСТРЕМИЗАМ И СЕПАРАТИЗАМ

23.3.2023 

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПРОМОЦИЈА НА ОПАСЕН ЕКСТРЕМИЗАМ И СЕПАРАТИЗАМ

Во изминатиот месец водствата на повеќето партии на етничките Албанци започнаа натпревар со екстремизам и сепаратизам, речник кој сериозно може да ги наруши меѓуетничките односи, безбедноста и стабилноста на државата.

Така, Арбен Таравари од Алијанса на Албанците, предложи реорганизација на Македонија доколку Македонците не гласаат за уставни измени. Според неговата изјава „Можно е да се случи радикализација на албанските партии ако биде загрозена европската перспектива на Македонија. Може да пораснат фрустрациите кај Албанците и може да се појават нови идеи за реорганизација на државата. Ќе влеземе во еден маѓепсан круг, од кој нема да можеме да излеземе“.

Од Алтернатива предложија заедница на општините со доминантно албанско население по примерот на српските општини во Косово. Според изјавата на Зеќирие Ибрахими, генерален секретар на Алтернатива  „Во времето кога Косово се наоѓа пред финалниот договор за нормализација на односите со Србија и кога секој западен дипломат кој доаѓа во Приштина го повторува рефренот „Да се формира Заедницата на српските општини во Косово!“, прашањето што треба да се постави е зошто партиите на Албанците во Северна Македонија, тие кои имаат општини (ДУИ, АА и Беса), не покренуваат иницијатива за основање на Заедницата на албанските општини во Северна Македонија со истите надлежности со кои се бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово. Ништо повеќе. Само толку“.

Али Ахмети од ДУИ на еден од своите настапи ги повика Македонците да ги следат Албанците на патот кон ЕУ, цитираме „ Да ги обединиме сите Албанци, да го направиме проевропскиот фронт, да ги повикаме нашите македонски сограѓани и да ја водиме оваа земја кон Европската Унија“, за на крај Касами од БЕСА во своја објава на социјална мрежа да го прогласи „Тетово за главен град (Центар) на Албанците од Северна Македонија“.

За жал, досега нема ниту еден коментар и осуда од СДСМ, владејачката партија, која за да остане уште некој месец на власт, толерира национализам кој ги поткопува соживотот и унитарниот карактер на Македонија.

Демократскиот сојуз најостро ги осудува екстремизмот и сепаратизмот кои нѐ водат кон дестабилизација и целосна блокада на евроинтегративните процеси. Политиката на заплашување врз основа на национализам, не е ниту демократска, ниту европска вредност. Затоа на ваквите најави/изјави потребна е  соодветна реакција и од државните институции, во спротивно молкот ќе значи поддршка на сепаратизмот кој ќе нѐ вовлече во опасен националистички вртлог.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners