10.09.2015
Крсте Врбоски избран за претседател на Демократски сојуз-Аеродром
На 10.09.2015 година (четврток), Општинската организација на Демократскиот сојуз на Аеродром, одржа Изборно собрание на кое Крсте Врбоски, дипломиран економист, беше избран за претседател.
На седницата присуствуваше и Павле Трајанов, претседател на ДС, кој пред присутните зборуваше за актуелната политичка состојба при што нагласи дека Демократскиот сојуз смета дека и покрај нарушениот кредибилитет на лидерите на партиите кои преговараат за решение за излез од политичката криза во која ја вовлекоа државата, неопходно е при имплементацијата на Договорот од Пржино да се води сметка за државните и интересите на граѓаните.
Демократскиот сојуз ќе се залага за целосна имплементација на Договорот од Пржино како основа за стабилизирање на состојбите во државата и постепено излегување од политичката криза, како и организирање на предвремени фер и демократски избори.
Членовите на Демократски сојуз од Аеродром предлагаат да се отвори гимназија, со паралелки за информатика како и други дефицитарни струки, во Аеродром, бидејќи голем број на ученици патуваат во другите делови од градот Скопје и се изложени на дополнителни трошоци за превоз, непотребно губење на време и слично.На Собранието присуствуваа членовите на претседателството на ДС и голем број на членови и сипматизери на Демократскиот сојуз.