Демократски сојуз




За ДСМ

МЛАДИТЕ на ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ (ДСМ), како подмладок на партијата, сметајќи дека на македонската држава и се потребни млади луѓе кои имаат сила да се борат, но и храброст да победат со чесност, млади луѓе кои ќе бидат ГЛАСОТ И ЛИКОТ на Македонија, направија ИЗБОР и одлучија да превземат дел од одговорноста за иднината и понатамошниот развој на Република Македонија.

Растргнати меѓу традицијата и модерните светски трендови, се роди чувството дека потребна е ПРОМЕНА и создавање на нов систем на вредности. Ние веруваме дека само почитта едни кон други ќе не одведе кон слободно и праведно општество. ДСМ е против говорот на омраза, против поделбата во етнички стада и против насилството. Ние се залагаме за стручна и ефикасна администрација, за воведување на систем на заслуги, каде прва и последна квалификација е способноста на поединецот.

„Менувајќи се себе - ги менуваме и другите, Барајќи од себе - бараме и од другите. А, само МЛАДОСТА ја има НЕЗАПИРЛИВАТА СИЛА да МЕНУВА и да УНАПРЕДУВА“. Затоа ДСМ верува во себе и во силата на секој млад човек.



ПРОГРАМА НА ДСМ

На маргините на привидниот политички плурализам како резултат на тешката политичка состојба во државата се создаде ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ, партија која понуди нов систем на вредности, систем на нормално живеење.Согласно статутот и програмата на Демократскиот Сојуз, ДЕМОКРАТСКИОТ  СОЈУЗ НА МЛАДИТЕ, (во понатамошниот текст ДСМ), како нејзин подмладок, залагајќи се за почитување на човекот, неговото достоинство, слободи и права, зголемување на општото ниво на образование и култура, развивање на праведно демократско општество, формирање на јавноста како четврта власт, за подобра сопствена иднина и иднина на државата, нуди програма за учество на младите во креирањето и решавањето на актуелните животни прашања.

повеќе...


Последни Активности

28.06.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: КАДРОВСКИ ПРОМЕНИ И РЕФОРМИ

Демократскиот сојуз оценува дека посетите на Хан и Прибе на Република Македонија се од исклучителна важност за спроведување на реформи, клучни за стабилизирање на состојбите и обезбедување на поширока поддршка за промените.

прочитај повеќе...

23.06.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ОФАНЗИВНА ДИПЛОМАТИЈА

Политиката на креирање  конфликти со соседните држави и нивно користење како алиби за застојот на евроинтеграциските процеси треба дa се напушти.

прочитај повеќе...

16.06.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СЈО ДА ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА


По сеопфатните анализи, Демократскиот сојуз смета дека Специјалното јавно обвинителство треба да продолжи да работи со целосен капацитет, законито, стручно и транспарентно, како и досега.

прочитај повеќе...

14.06.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ УКИНЕ СОВЕТОТ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИ

Демократскиот сојуз предлага да се интензивираат реформите во судскиот систем, кој и натаму ги кочи промените, владеењето на правото, како и важење на законите подеднакво за сите граѓани.

прочитај повеќе...

11.06.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЕДИНСТВО ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

Демократскиот сојуз смета дека  силната надворешна поддршка на новата Влада за реформи, клучни за членство во НАТО и започнување на преговорите со ЕУ, неопходно е да се обезбеди и внатрешно единство на сите политички партии.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners