Реална дебата или предизборен маркетинг за Ковачевски да ги смири духовите во сопствената коалиција

16.5.2023

Реална дебата или предизборен маркетинг за Ковачевски да ги смири духовите во сопствената коалиција

Отворање реална дебата за изборниот модел или пак предизборемн маркетинг за Димитар Ковачевски да ги смири духовите во сопствената коалиција.

Што стои зад најавата на премиерот дека е подготвен да преговара за една изборна единица со праг кој би бил помеѓу барањата на неговиот коалициски партнер ДУИ за 5% максимум кој би можеле да го прифатат неговите помали коалицски партнери 3%, кои му поставија услови пред избори. 

Денеска Али Ахмети чекори назад, откако го фиксираат 5% од Мала Речица со порака дека се подготвени да разговараат за процентите кои ги најавува Ковачевски. 

- За нас прифатливо е прагот да биде 5% од бројот на запишани гласачи во избирачкиот список, но подготвени сме да разговараме за предлозите на премиерот. - велат од ДУИ.

Од ДУИ не откриваат дали тоа значи дека ќе дадат зелено светло на планот на СДСМ да се одглави законот во Собрание, но и која им е минималната граница која би ја поддржале. Од друга страна, официјално Ковачевски тврди дека е расположен за дебата. Неофицијално, од неговата партија го поцртуваат прагот на 4 од бројот на излезени гласачи.

- Го поддржувам предлогот за една изборна единица, но со отворени листи. Изборен праг мора да има, зашто во спротивно може да ни се случи деловни заедници да ни кандидираат пратеници и да тераат бизнис интереси, а парламентот да стане Стопанска комора. Предложен е изборен праг од 5 проценти, но интересни бројки се и 3 проценти и 4,5 проценти.“ - вели Димитар Ковачевски. 

Помалите коалициски пратеници очекуваат проритетно да продолжи дебатата во закондавниот дом. И таму да се водат преговорите за евентуален праг. Според еден од поднесителите на законот, Павле Трајанов, помалите имаат поддршка од меѓународниот фактор за 1 изборна единица. 

Од ВМРО-ДПМНЕ и натаму на својата позиција, даваат поддршка за промена на моделот, велат праг мора да има, но најпрво чекаат Ахмети и Ковачевски да се усогласат. За разлика од нив, останатите опозициски партии во албанскиот блок не мрдаат од своите позиции- АА 8 изборни единици, Беса 3.

Извор



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners