13.06.2021
Демократски сојуз: ЕУ, борбата против криминалот и департизацијата
За Демократскиот сојуз врвен национален и стратешки приоритет е полноправно членство во Европската унија,за што постои граѓански и политички консензус.
Сосема е извесно дека евроинтегративниот процес е исклучително сложен и тежок, посебно во услови на надворешни уцени и блокади кои подолго време се присутни.
Се разбира дека имаме и внатрешни проблеми посебно околу високиот степен на криминализација и партизација на многу државни институции.
Во услови кога имаме силна поддршка од САД и влијателни земји од ЕУ, неопходно е да се имплементираат европските стандарди, да се направат системски реформи за поефикасна борба против тешките облици на криманал и високата корупција, се со цел блокадите на овој пат полесно да се отстрануваат.
Демократскиот сојуз смета дека подготовките за локалните избори треба да се искористат и за борба против се поагресивната урбана мафија, мафијата која остварува огромни профити од увоз на канцерогени масла и друг вид на опасни нафтени деривати, како и мерки за намалување на последиците од климатските промени, увозот на стари моторни возила кои загадуваат, бесправната сеча на дрва и сл.
Не треба никој друг да не потсетува дека криминалот ја "јаде државата", дека истиот не може да биде вредносна категорија, туку дека со тоа зло ние самите мораме да се справиме,а криминалот да биде неисплатлива авантура.
Инаку сме опеделени за мала, стручна, департизирана и добро платена администрација.
Демократскиот сојуз наскоро до Парламентот ќе достави Предлог-Закон за борба против тешки облици на криминал и висока корупција.