01.01.2021
ЧЕСТИТКИ ЗА НОВА ГОДИНА
Демократскиот сојуз на сите граѓани им ја честита 2022 година, со желба истата да биде подобра за сите.
Претходната беше година на многу бурни настани, ветувања, очекувања, пресврти, неизвесности и со тешки последици од пандемијата.
2022 година посакуваме да биде година на сплотеност, единство, реални очекувања, отворање на можности и перспективи за сите, збогување со пандемијата и енергетско-економската криза, помалку лажни и вознемирувачи вести, стабилност и мир.
Сите ние сме соучесници во случувањата, затоа треба меѓусебно да се почитуваме и дружиме, разбираме и градиме позитивна атмосфера, без негација на добрите работи и успесите на другите.