Трајанов: Не го повлекуваме предлогот за една изборна единица, Тупанчевски нека си тера нов Изборен законик

10.05.2022

Трајанов: Не го повлекуваме предлогот за една изборна единица, Тупанчевски нека си тера нов Изборен законик

 

Министерот за правда Никола Тупанечевски нека си го тера проектот за нов Изборен законик, ние нема да го повлечеме нашиот предлог закон за измени на Законикот во делот на една изборна единица, пропорционален модел и избор на пратеници според Донтовата формула, вели за „Слободен печат“ Павле Трајанов, пратеник и еден од предлагачите за промена на изборниот модел.-Деновиве, според информации од денешната координација кај претседателот на Собранието, усогласено било со координаторите на пратеничките групи Џафери да го стави на седница нашиот предлог закон.

Немаме намера да го повлечеме нашиот предлог закон за кој речиси е постигнат консензус. Министерството за правда нека си формира работна група и нека ја тераат работата, бидејќи се потребни коренити измени на Изборниот законик. Но тоа може да трае со години.

Министерот за правда може да даде логистика, но партиите градат консензус за Изборниот законик. Најавата за нов Изборен законик од Министерството за правда е обид да го амортизира притисокот од партиите за промена на изборниот модел. Очекувам Џафери деновиве да го стави на пленарна седница нашиот предлог за кој според информациите, е усогласено тој да ја помине првата фаза. Потоа ќе се отвори јавна дискусија, а во второто читање можни се амандмани, по што ќе се гласа и ќе видиме дали ќе помине – вели Трајанов.

 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners