Демократски сојуз: Минимална плата од 300 евра и пензија 200 евра

14.12.2021

Демократски сојуз: Минимална плата од 300 евра и пензија 200 евра

 

Демократскиот сојуз го поддржува барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и ја охрабрува Владата што побрзо да донесе измени на Законот за минимална плата.

 

Потсетуваме дека уште во јануари 2016 година, пратеникот и претседател на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов, предложи измени на Законот за минимална плата во Република Македонија заради зголемување на минималната плата на 300 евра, но Собранието тогаш немаше разбирање за донесување вакви измени.

 

За Демократскиот сојуз отсекогаш врвен приоритет е подобрувањето на стандардот на граѓаните, како основен предуслов за раздвижување на сите позитивни процеси во државата, посебно на економскиот развој и зголемувањето на продуктивноста. Ниските плати не ги мотивираат вработените, негативно влијаат на продуктивноста, иновациите, поради што и младите и креативни кадри заминуваат во странство.

 

Потсетуваме дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство според пресметките на Сојузот на синдикатите достигна близу 35.000 денари или 570 евра, што е за 100 евра повеќе од просечната плата од 28.800 ден.

 

Дополнително, врз стандардот на граѓаните влијание сигурно ќе има и енергетската криза поради која во јануари 2022 г. се очекува зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата.

 

Очекуваме зголемувањето на минималната плата да ги поттикне компаниите кои остваруваат профити да ги зголемат и другите плати на вработените со што ќе се зголеми и просечната плата, а на тој начин ќе се подобри животниот стандард на граѓаните.

 

Владата исто така, треба да ја разгледа можноста за буџетска поддршка на компаниите од текстилната и други индустриски гранки, кои поради објективни пазарни услови не се во можност да остваруваат приходи за да исплатат минимална плата.

 

Истовремено, Демократскиот сојуз инсистира на силни антикорупциски мерки, рационализација на непродуктивните трошоци, на бројот на државните функционери и нивните привилегии, со што ќе се обезбедат дополнителни средства за помош на ранливите компании.

 

Демократскиот сојуз го поддржува и предлогот за прогласување на недела за неработен ден, што секако ќе има влијание за соодветно вреднување на правата на работникот и зголемување на продуктивноста.

 

Воедно сакаме да ја актуализираме и потребата за утврдување и на минималната пензија од 200 евра.

 

 




Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners