(ИНТЕРВЈУ) Трајанов: Судиите кривично да одговараат за донесена одлука

15.9.2024

(ИНТЕРВЈУ) Трајанов: Судиите кривично да одговараат за донесена одлука

Реформите во правосудниот систем треба да се забрзаат, независно од силниот отпор. Не може и понатаму да постои уставна одредба со која судиите се ослободуваат од кривична одговорност за донесените одлуки. Ако судија не одговара за одлуките, тогаш за што друго може да одговара, вели Павле Трајанов за „Фокус“.

Во најновиот број на неделникот „Фокус“, објавуваме интервју со актуелниот национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и поранешен министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, кој, меѓу другото, говори за однесувањето на новата влада, за состојбите во правосудството, за интеграцијата во ЕУ…

Разговараше: Дејан АЗЕСКИ

ФОКУС: Како го оценувате стартот на работата на најновата влада? Многумина сметаат дека секако имаат подобар и побрз старт од владите на СДСМ, но не доволно брз како претходните влади на Груевски во 2006 и Георгиевски во 1998 година.

ТРАЈАНОВ: Транзицијата на власта е сложен и одговорен процес. Мојот став е „Брзајте полека“ и држете се до предизборните платформи и до владината програма.

Многу е тешка затечената состојба, кадровските промени и структурните реформи, треба многу внимателно да се одвиваат. Неопходни се анализи за состојбите, компаративни искуства и реформи, кои ќе значат воспоставување систем на владеење на правото и силна борба против криминалот.

Секој министер треба да формира креативен тим од едуцирани, искусни и способни лица, да ангажира нови, но и да ги задржи способните – постоечки кадри.

ФОКУС: Какви реформи сметате дека се потребни за рехабилитирање на состојбите во правосудството?

ТРАЈАНОВ: Реформите во правосудниот систем треба да се забрзаат, независно од силниот отпор. Не може и понатаму да постои уставна одредба со која судиите се ослободуваат од кривична одговорност за донесените одлуки. Ако судија не одговара за одлуките, тогаш за што друго може да одговара.

Добро е што за првпат има сериозни најави за борба против тешките облици на криминал и висока корупција. За оваа борба ни требаат професионалци и независна институција (Агенција за борба против криминалот).

Моите заложби се во рамките на реформите на системот за безбедност да се даде приоритет на борбата против криминалот, кој ги разорува институциите и ја „јаде“ државата. Без формирање ваква независна институција, сигурен сум дека нема да имаме ефективна и ефикасна борба против тешките облици на криминал.

Стабилизацијата и транзицијата треба да завршат до крајот на оваа година и потоа ќе следи пеколен период на работа, тие што не можат да го издржат тоа темпо, нека се повлечат. Првиот тест за тоа дали огромната доверба што ја дадоа граѓаните за промени е оправдана, ќе биде во октомври следната година на локалните избори. Затоа се неопходни реформи, но и резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните.

ФОКУС: Јасно е дека имаме тотален застој во преговорите со Бугарија, но чудно е што барем засега нема ни меѓународен притисок за тоа. Дали ЕУ можеби целосно се има откажано од понатамошни проширувања кон нашиот регион?

ТРАЈАНОВ: Наш врвен национален и стратешки интерес е полноправно членство во ЕУ. Ако не беа блокадите од Грција, Франција и последните четири години од Бугарија, Македонија досега ќе беше членка на ЕУ.

Но, реалноста е сурова. Државата што прва ја призна самостојна и независна Македонија, сега нѐ блокира.

Геостратешките и безбедносни (и воени) состојби и ризици можно е да го забрзаат регионалниот пристап и ЕУ под силно влијание на САД да ги отворат вратите за влез во ЕУ на балканските држави, како и на Украина и на Молдавија.

Верувам дека Македонија ќе биде најподготвена држава за членство во ЕУ. Во интерес е и на Бугарија да гради добри односи со Македонија, почитувајќи ги јазикот, историјата и другите идентитетски обележја на Македонците.

 

Извор

 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners