27.03.2022
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:НАТО,ГАРАНЦИЈА ЗА МИР И СТАБИЛНОСТ
По долг процес на воспоставување и јакнење на демократски институции и реформи во одбранбено - безбедносниот систем,но и со тешки и болни компромиси, Македонија ја оствари една од стратешките цели, членство во НАТО.
НАТО не е само воен сојуз, тој е и организација која ги поддржува демократијата, универзалните вредности и човековите права и слободи.
Членството во НАТО не обврзува на континуирани реформи во сите области, на јакнење на внатрешното единство и стабилност, како и градење на капацитети за одбрана на суверинитетот и територијалниот интегритет.
Политичкиот и граѓанскиот консензус, придонесоа, Македонија да биде дел од НАТО со сите предности но и одговорност при носењето на круцијални одлуки сврзани со мисијата на НАТО, гарант на територијалниот интегритет на сите земји, членки на НАТО.
Со членството во НАТО, многу поблиску сме и до Европската Унија, поради што апелираме ЕУ, да ги започне преговорите за полноправно членсто на Македонија во ЕУ.