Што бара Трајанов од идниот мандатар?

14.12.2021

Што бара Трајанов од идниот мандатар?

Агенција за тешки облици на криминал, една наместо шест изборни единици, фонд за истражувачко новинарство, се дел од барањата на ДС при формирање на нова влада.

 

По изборот на Драган Ковачевски за нов лидер на СДСМ, тој, како што веќе објави Фокус, денес отпочнува серија поединечни средби со претставници на коалициските партнери во друштво на Зоран Заев, кој по повлекувањето од лидерската позиција се очекува наскоро да ја препушти и премиерската функција.

Во таа насока, двоецот Ковачевски-Заев денеска треба да се сретне и со пратеникот и лидер на Демократски сојуз Павле Трајанов, кој за Фокус вели дека ќе настапат со став нивните програмски приоритети да бидат дел од програмата за работа на идната влада.

- Advertisements -

 

Тој посочува дека ќе бараат реформи во правосудниот систем преку ревизија на работата на сите судии и обвинители, донесување Закон за повторување на постапката за монтираните судски процеси, реформа на Законот за кривична постапка, особено во делот на посебните истражни мерки итн.

 

Потоа, првиот човек на ДС истакнува дека ќе се залагаат за донесување на предлог-законот за борба против тешките облици на криминал и висока корупција, детектирање на непријавен и скриен имот на носители на јавни функции, конфискација на имотот стекнат на криминален начин, формирање Агенција за борба против тешките облици на криминал.

 

Исто така, најавува дека ќе го покренат и прашањето за реформа на изборното законодавство преку интервентни измени на постојниот Изборен закон најдоцна до средината на следниот месец, со што, според него, наместо сегашните 6 треба да се воведе една изборна единица, со пропорционален модел и без изборен праг.

 

Воедно, бара новинарите да не може да одговараат за објавување службена, деловна или воена тајна, доколку пренесената информацијата содржи јавен интерес, како и да се формира Фонд за истражувачко новинарство и за борба против лажните вести во износ од 1,5 милиони евра од буџетот.

 

Покрај него, и првите луѓе на ЛДП и ДОМ, Горан Милевски и Маја Морачанин, најавија дека со нова платформа ќе влезат во преговори за нова влада, која, како што ни изјавија тие, ќе биде во насока на афирмирање на веќе договорени проекти, но и на сосема нови проекти.

 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners