Павле Трајанов: Европската унија да ја одложи одлуката за усвојување на преговарачката рамка

23.06.2022

 

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: ЕВРОПСКАТА УНИЈА ДА ЈА ОДЛОЖИ ОДЛУКАТА ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА

 

 

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз во врска со Францускиот предлог за разрешување на спорот наметнат од Бугарија и деблокада на евроинтеграциските процеси смета дека:  Прво, Владата на Македонија да ја повлече согласноста за прифаќање на Францускиот предлог, во кој на суптилен начин се вградуваат националистичките барања  на Бугарија, а со Протоколот усогласен помеѓу претставници на двете влади детално се разработува имплементацијата на истата.
  
Второ, ги повикуваме земјите членки на Европската унија, посебно Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка и Словачка, да стават вето но ставање на дневен ред на Преговарачка рамка во која се вградуваат националистички барања на Бугарија сврзани со идентитет, јазикот, историски и образовни прашања . 
ЕУ треба да се држи до основните европски вредности и принципи и Копенхашките критериуми.  Трето, со оглед на фактот што претставници на Владата на Македонија директно беа вклучени во преговорите со Бугарија, бараме нивно повлекување (оставка) од функциите, посебно министрите за надворешни работи и евроинтеграции.  
Четврто, Демократскиот сојуз е против Францускиот предлог и ги повикува граѓаните своите ставови да ги искажат преку социјалните мрежи или со мирни протести, за да види Европската Унија дека овде има силен граѓански -народен отпор против загрозување на Македонскиот национален идентитет. 
Демократскиот сојуз ќе ја  повлече поддршката на Владата доколку  се согласи  Преговарачката рамка да биде усвоена од Советот на  Европската Унија.  


Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners