31.8.2023
Демократски сојуз: МНР ја компромитира државата
Со наместениот тендер и сомнежите за корупција поврзана со адаптацијата на салата „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, Министерството за надворешни работи и министерот Бујар Османи ја компромитираа Македонија пред земјите членки на ОБСЕ.
Само алчни и неодговорни луѓе можат да учествуваат во местењето на тендер за адаптација на објект каде треба да се одржи конференција на министрите за надворешни работи, членки на ОБСЕ.
Во Макединија над 90% од тендерите се наместени и само луѓе без свест и совест можат да тврдат дека комисијата за јавни набавки и министерот не одлучуваат за ранг листата и изборот на „најдобриот понудувач“.
Демократскиот сојуз бара сите инволвирани во овој тендер да се проверат и да се иницира политичка и кривична одговорност.
Криминалот и високата корупција ги блокираа сите институции и државата е во целосен колапс.
Повикуваме не само ДКСК, туку и АНБ и МВР да се вклучат во истражните активности.