Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

25.9.2024

Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

Долго време се води расправа за законот за бранителите, со кој треба финансиски да се помогнат фамилиите на настраданите бранители во вооружениот конфликт во 2001 година.

Предлог-законот, кој е во собраниска постапка, треба да го поддржат сите партии. Неприфатливо е истиот да се користи за меѓупартиски конфронтации и поттикнување на меѓуетнички тензии, првенствено од страна на ДУИ и СДСМ.

Инаку, Македонија за водството и припадниците на паравоената формација ОНА (УЧК),направи голем број на отстапки, меѓу кои нивна амнестија преку донесување на закон и  вработување на голем дел од припадниците на ОНА, амнестија за водството на ОНА преку автентично толкување на Законот за амнестија од страна на Собранието на Македонија, трансформација на ОНА во политичка партија, а водачите на ОНА станаа лидери на новата партија ДУИ која 20 години беше на власт итн.

Затоа, најостро ги осудуваме најавите на ДУИ, дека ако се усвои законот за обесштетување на тие што го бранеле суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, ќе се дестабилизира Македонија.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners