Павле Трајанов поднесе Иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи

16.2.2024

Павле Трајанов поднесе Иницијатива до Уставниот суд за  Хашките случаи

Денес, Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз, до Уставниот суд, поднесе ИНИЦИЈАТИВА за поништување на Автентичното толкување на член еден од Законот за амнестија, со кое се запре постапката за четирите Хашки случаи: „ВОДСТВО НА ОНА“, „ЛИПКОВСКО ЕЗЕРО“,„ГРОБНИЦА НЕПРОШТЕНО“ и „МАВРОВСКИ РАБОТНИЦИ“.

Инаку по Автентичното толкување, се запре постапката за четирите Хашки предмети, цитираме:

„Се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршување на казната затвор лица за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година.“

Ова толкување е спротивно на Уставот и Кривичниот законик, како и Женевските конвенции, со кои е дефинирано дека злосторствата против цивилите не застаруваат.

Уставниот суд треба да ја прифати Иницијативата и да донесе одлука за отстранување на правните пречки за продолжување на постапката по четирите Хашки случаи.

На денешната прес -конференција, меѓу другото, Павле Трајанов изјави:

„БЕЗ СИЛНА И ЦВРСТА ОСУДА НА ЗЛОСТОРСТВАТА ОД МИНАТОТО НЕ МОЖЕ ДА ГРАДИМЕ МИРНА И ДЕМОКРАТСКА ИДНИНА.“



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners