Павле Трајанов, побара да се деблокира постапката за измени на Изборниот законик

15.03.2022

Павле Трајанов, побара да се деблокира постапката за измени на Изборниот законик

 

На денешната седница во Македонскиот Парламент, Павле Трајанов, побара да се деблокира постапката за измени на Изборниот законик, со кои се предлага, Македонија да биде една изборна единица.

 

Во оваа насока, Павле Трајанов, претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, меѓу друго нагласи: "Сакам да искажам благодарност до сите новинари кои година дена дадоа огромна поддршка за измените на Изборниот законик, со кои ќе се демократизира Македонија, но и ќе се овозможат услови за да граѓаните имаат избор при гласањето."

 

Трајанов посочи дека мнозинството пратеници ги поддржуваат промените поради што е неопходно да се деблокира донесувањето на овие измени.

 

Трајанов најави дека наредните денови ќе се направат консултации со предлагачите и поддржувачите на законот, се со цел да се деблокира процесот на реформи во изборните правила.

 

Ние сме одговорни пратеници, свесни сме за рефлексиите на војната во Украина, но Парламентот треба да продолжи со работа и реформите да продолжат.

 

Во услови на нарушена стабилност во Европа и Балканот, Владата има сериозни обврски, но нема никакви пречки Парламентот нормално да работи.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners