04.02.2023
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД ВЕЧНОТО ПОЧИВАЛИШТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Делегација на Демократскиот сојуз, предводена од претседателот на ДС, Павле Трајанов, денес положи цвеќе пред гробот на Македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Идеите и делата на Гоце Делчев за самостојна и независна Македонија се вградени во кодот на сите Македонци, каде и да се.
Гоце е нашиот симбол за вековната борба на македонскиот народ за самостојна и демократска држава, каде без разлика на религиската или етничката припадност можат да живеат заедно, сплотени и обединети со мислата на Гоце Делчев: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар помегу народите".
Гоце оставил силни идеи и дела, затоа имаме должност да ги афирмираме и надоградуваме.
Павле Трајанов жали што немаше можност да даде изјава пред новинарите и што одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев се одбележува под силно полициско обезбедување и што граѓаните не можеа слободно да се движат и да оддадат почит кон Македонскиот великан.