Павле Трајанов: Триумфализмот и етно-национализмот не се европски вредности

28.1.2024

Павле Трајанов: Триумфализмот и етно-национализмот не се европски вредности

На денешната (28.01.2024) седница на македонскиот парламент, Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, во настапот, меѓу другото, нагласи:

„Нема да гласам за техничка-пржинска Влада, бидејќи таа е спротивна на Уставот, како и на времето и условите кога се формираше првата пржинска влада.

Господине Ахмети, со триумфализмот кој го манифестирате, давајќи му историски димензии на изборот на премиер -Албанец на техничката Влада, промовирате етно национализам.

Партиската, националната и верската припадност станаа врвни критериуми за да се биде обвинител судија, директор, па и премиер.

Тоа не се европски врадности, тоа се поделби и затворање во етнички гета.

Со ваков етно-триумфализам, вие од СДСМ и ДУИ, не ја движите Македонија кон Европската унија, туку ја враќате назад кон конфликтот од 2001 година.

Со партизацијата на институциите направивте хаос, граѓаните се очајни, револтирани и сите со единствено прашање, ‘Дали ќе ја биде Македонија?’.

Се согласувам со тоа дека СДСМ и ДУИ широко ги отворија вратите, но не за Македонија во ЕУ, туку за младите, без разлика на етничката припадност, кои заминуват во земјите членки на ЕУ, наместо да се создадат услови да останат овде да создаваат, творат и да формираат семејства во Македонија.

Во делот на економијата, нема економски развој, но имаме највисока инфлација и сиромаштија, компарирано со другите балкански држави.

Немавте проекти за нови фабрики, не отворивте нови работни места, освен еден најкоруптивен договор со БЕХТЕЛ и ЕНКА, договор кој го криете од пратениците, медиумите и од пошироката јавност.

Прво го потпишавте договорот, а после тоа со  него усогласувавте пет  закони за да ги амнестирате потписниците на овој договор.

Инаку, не го почитувате Охридскиот рамковен договор, ниту Уставот за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во органите на власта, вклучително и композитот на оваа Влада, која е резултат на непринципиелен договор помеѓу СДСМ и ДУИ“.

Павле Трајанов гласаше против изборот на техничката влада.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners