7.8.2023
Демократски сојуз: Минимална пензија – 300 евра!
Демократскиот сојуз е прва партија која пред седум години предложи минимaлна плата од 300 евра и минимална пензија од 200 евра. Во Парламентот имаше расправа, но не и согласност да се определи минимална плата и покрај тоа што тоа е пракса во ЕУ. Подоцна се утврди минималната плата и механизам за нејзино усогласување.
Но, за дефинирање на минимална пензија сѐ уште нема согласност од партиите на власт. Наместо тоа, сѐ уште се предлагаат пакети, еднократни социјални мерки, парична помош, без систем и методологија за утврдување минимална пензија и усогласување на истата со животните трошоци, инфлацијата и растот на платите.
Поради високиот раст на цените, пред сѐ на основните прехранбени производи, но и на лековите, енергенсите итн.
Демократскиот сојуз предлага да се определи минимална пензија од 300 евра и да се дефинира методологија за раст и усогласување на пензиите.
Предлагаме Владата да ги разгледа сите аспекти на оправданите реакции и протести на пензионерите, најитно да ја дефинира минималната пензија и да направи усогласување на пензиите со реалното зголемување на цените, растот на платите и инфлацијата.