ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПОДНЕСЕН ЗАКОН ПРОТИВ ВИСОКАТА КОРУПЦИЈА

07.03.2023

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПОДНЕСЕН ЗАКОН ПРОТИВ ВИСОКАТА КОРУПЦИЈА

Денес Павле Трајанов, претседател на ДС и пратеник, поднесе Предлог-закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со кој започнува „војна“ за искоренување на корупцијата и изградба на современа и демократска држава и држава полноправна членка на Европската Унија.

Пратениците и партиите коишто ќе го поддржат донесувањето и спроведувањето на овој закон се проевропски партии, кои ќе стават крај на разорното дејство на криминалот и разнебитувањето на државата.

На прес-конференцијата, Трајанов нагласи:

„Со овој Закон, надвор од центрите на политичката и партиска моќ, се формира независна Агенција за борба против тешките облици на организиран криминал и високата корупција, која ќе работи на откривање на тешки кривични дела сторени од носители на јавни функции и други вклучени во организираниот криминал. Оваа Агенција ќе го открива и скриениот имот на функционерите во државата и странство, ќе предлага конфискација на криминално стекнатиот имот и забрана на политичко дејствување до 10 години. Оваа Агенција ќе открива кривични дела со значителна вредност (над сто илјади евра), ќе ги анализира јавните тендери и ќе иницира кривична постапка. Инаку, Агенцијата ќе биде екипирана со врвни професионалци, способни кадри и имуни на партиски и коруптивни влијанија. Директорот ќе го избира Управен одбор составен од универзитетски професори, новинари, претставници од невладиниот сектор, адвокати, пратеници, обвинител и претставник од ДКСК. Очекувам повеќе пратеници да се приклучат како предлагачи и Законот да се донесе до крајот на месец март."

Инаку заеднички се оценките дека државата и натаму се криминализира, дека отсуствува политичка волја за ефикасна борба против криминалот и поради партизацијата на сите институции не функционира имунолошкиот систем на државата, а криминалот буквално ја „јаде" државата.

Разорното и деструктивно дејство на криминалот се забележува на секој чекор, преку социјалните разлики, сиромаштијата, селективни и нелогични судски пресуди, масовно иселување на младите и целосен колапс на државните институции и довербата на граѓаните во нив. Организираниот криминал и високата корупција сериозно ја загрозуваат демократијата, човековите права, економскиот развој и Уставниот поредок на државата.

Како држава немаме алтернатива, мораме да се соочиме со ова зло, да го искорениме и отвориме перспективи за развој на државата.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners