Демократски сојуз: Коренити реформи на изборните правила

29.01.2022

Соопштение на Демократски сојуз,од 28 јануари 2020 година

Демократски сојуз: Коренити реформи на изборните правила 


Демократскиот сојуз долго време се залага за намалување на бројот на пратеници од 120 на 90, како и промена на изборниот модел - Македонија да биде една изборна единица. Овие барања беа главните поенти во нашата изборна програма во неколку изборни циклуси, како и во изборната програма 2020-2024 г.

Но, Демократскиот сојуз се залага за коренити реформи на изборните правила, кои подразбираат и менување на системските предности што ги имаат четирите најголеми партии. Тие располагаат со 90 отсто од медиумското време во изборната кампања, како и со најмногу средства од буџетот од кој се финансираат и нивните партиски институти.

За менување на овие одредби, Демократскиот сојуз поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на ваквите одредби од Изборниот законик кои ги доведуваат во нерамноправна положба сите други политички партии.

Демократскиот сојуз оценува дека е добро тоа што покрај СДСМ, сега и ВМРО-ДПМНЕ се залага за демократизација на изборниот процес, за една изборна единица,како и за намалување на бројот на пратеници.
Полека се гради консензус околу реформа на изборниот процес во целина и очекуваме тоа да се случи со темелни промени на Изборниот законик, за да се обезбедат рамноправни услови и демократски правила за изборен натпревар на сите политички партии.

Бараме за измените на Изборниот законик најитно да се закаже расправа во Парламентот и да се донесат промените.

 

 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners