Павле Трајанов бара поништување на одредби од Изборниот заковник

05.01.2022

Павле Трајанов бара поништување на одредби од Изборниот законик

 

Денес, Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, до Уставниот суд, достави иницијатива, со која бара укинување на одредби од Изборниот законик со кои им се овозможува системска /монополска положба на четири партии (СДСМ, ВМРО -ДПМНЕ, ДУИ И АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ), при изборните процеси.

 

Во законот 90 % од медиумскиот простор за финансирање припаѓа на овие партии, како и финансиските средства за изборната кампања и рекламниот простор за билборди, паноа и сл.

 

Само како пример, од девет минути дополнително време за медиумско претставување, осум припаѓаат на четирите партии, а само една минута за сите други партии и независни листи.

 

Со овие одредби четирите партии си обезбедуват огромна предност за преставување на своите програми и кандидати за пратеници, градоначалници, советници или претседател на државата.

 

Со овие одредби се крши Уставното начело за еднаквост на партиите при настап на изборите.

 

Во член 75 став 2 од Изборниот закон меѓу друго стои: „Учесниците во изборната кампања имаат право на рамноправен пристап и под еднакви услови да ги користат сите видови на политичка пропаганда, известување и други облици на пропаганда чија цел е да се влијае на одлуката на избирачите при гласањето. 

 

Но, со истиот закон се руши ваквиот став и се предвидуваат фаворизирачки решенија за четирите партии, две од позиција, две од опозиција кои на последните парламентарни избори освоиле најмногу гласови.

 

Ваквата системска предност спречува другите партии да ги претстават пред граѓаните своите програми и да можат граѓаните да донесат одлука за кого ќе гласаат.

 

Очекуваме Уставниот суд, оспорените одредби да ги укине, со што сите партии и независни листи и кандидати ќе имаат еднакви шанси за победа на изборите.

 

Прилог: Иницијатива за преименување на одредби од Изборниот законик.





Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners