Трајанов: Околу 800 луѓе имале „ќар“ од контроверзните измени на Кривичниот законик, расправата на Уставниот суд е задоцнета

10.2.2025

Трајанов: Околу 800 луѓе имале „ќар“ од контроверзните измени на Кривичниот законик, расправата на Уставниот суд е задоцнета

Досега околу 800 луѓе имале „ќар“ од контроверзните измени на Кривичниот законик, расправата на Уставниот суд по година и половина е задоцнета- смета подносителот на иницијативата Павле Трајанов во пресрет на седницата закажана за во среда.

Во изјава за Канал 5 оценува дека досега требало да стават времена мерка по службена должност, наместо да дозволат бројни функционери и административци да се спасат и покрај сторените незаконски постапки.

„ Голем број на условно кажано криминалци се ослободени, нема да одговараат, нема да се конфискува нивниот имот иако некои од нив се стекнаа со огромни материјални богатства.. Да не кажам народната, по свадба – тапани. Нека расправа уставниот суд, нека донесе одлука не за поништување, туку за укинување, да не важи за во иднина, но не верувам дека до таква одлука ќе дојде. “-Павле Трајанов,-Демократски сојуз.

Со измените на КЗ од септември 2023 година беа направени интервенции во неколку членови, од кои најмногу реакции предизвика намалувањето на казните за злоупотреба на службена положба при јавни набавки. Од неодамна пак работна група на Министерството за правда крои нови измени, како што велат, за отстранување на штетните последици од претходниот пат.

-Враќањето на членовите 353, 353-в и 354 ќе овозможи поефикасна примена на законот против корупција и злоупотреба на службена функција, особено во ситуациите кога актуелните закони не обезбедуваат доволно силна правна основа за санкционирање на таквите дејства. Ќе се подобри транспарентноста и правната сигурност во однос на одговорноста на јавните службеници и функционери. – велат од правда за Канал 5.

Овие измени се третираат како привремено решение додека не се донесе целосно новиот Кривичен законик, кој треба да биде целосно усогласен со европските политики, особено за организираниот криминал и корупција. Од правда додаваат дека сега очекуваат мислење од Европската Унија, потоа ќе се одржуваат јавни расправа, за на крај да биде доставен до Влада и Собрание на усвојување. Целата процедура очекуваат да заврши оваа година.

Извор



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners