Демократски сојуз: За почеток на Османи да му се прифати оставката

31.7.2023

Демократски сојуз: За почеток на Османи да му се прифати оставката

Најавата за оставки на министрите од ДУИ е класичен, но и препознатлив блеф.

ДУИ како партија најодговорна за криминализација на државата, блокада на реформите на судскиот систем, злоупотребата на Бадентер и балансерот, огромниот број на промашени капитални инвестиции, како и колапсот на државните институции, се доволни причини за повлекување од власта.

ДУИ, заедно со Маричиќ и Ковачевски, ја водат надворешната политика која ги загрози евроинтеграциите со прифаќање на неоснованите барања на Бугарија и нивно вградување во Преговарачката рамка, посебно за промената на Уставот и историските и образовни прашања, без при тоа да се направат пошироки консултации.

За почеток, од функцијата треба да се повлече Бујар Османи, кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците, но и на другите граѓани,а ги загрози и европските перспективи на Македонија.

Владата нема поддршка од граѓаните, ниту од мнозинството во Парламентот, поради што неопходни се избори како демократски чин за промена на власта.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners