19.11.2021
Демократски сојуз: Робусна форма против криминалот
Во пресрет на избор на стара-нова Влада, Демократскиот сојуз укажува на потребата од радикални промени во поставеноста, дејствувањето и приоритетите.
Во оваа насока освен реформите сврзани со евроинтеграциските процеси, Демократскиот сојуз инсистира и на:
Прво, робусна борба против организираниот криминал и високата корупција, преку системски промени и формирање на Агенција за борба против криманалот, со висок степен на самостојност и посебни права и овластувања (ФБИ).
Второ, испорачување на правдата преку законска можност за фер судење за монтираните судски процеси (Нема правда, Нема мир).
Трето, реформа на судскиот и правниот систем во целина, преку ревизија на работата на секој судија, обвинител и припадник на МВР, департизација на службите за безбедност и администрацијата.
Четврто, коренити реформи на изборните правила, укинување на системскиот монопол на четирите партии и Македонија да биде една изборна единица.
Само со конкретни и радикалнии чекори можат да се придвижат процесите во позитивна насока и да се отворат перспективи за развој на државата.