Демократски сојуз: Има мнозинство за претседателски и предвремени парламентарни избори во ист ден

15.11.2023

Демократски сојуз: Има мнозинство за претседателски и предвремени парламентарни избори во ист ден

Демократскиот сојуз смета дека во Собранието има мнозинство пратеници кои можат да донесат одлука за распуштање на Парламентот, со што ќе се создадат услови за одржување на вториот круг претседателски и парламентарни избори во ист ден.

Од 13 март 2024 година почнуваат уставните и законските рокови за одржување претседателски избори, при што парламентарните партии кои можат да формираат мнозинство за распуштање на Парламентот треба да го утврдат изборниот тајминг.

По катастрофалниот Извештај на Европската Комисија и колапсот на владините институции, дуизацијата и криминализацијата на државата, сосема е извесно дека Владата нема легитимитет и натаму да владее. Натамошното опстојување на Владата под водство на ДУИ го загрозува единството и националните интереси на Македонија.

Ја поздравуваме најавата на Алијансата на Албанците дека не сака и натаму да биде „патерица на ДУИ“ и се приклучува на определбата на опозиционите партии за  што е можно побрзо паѓање на актуелната Влада и организирање избори.

Се покажа дека ДУИ и СДСМ ниту се за ЕУ, ниту за реформи, туку со манипулациите за уставни измени купуваа време за да владеат.

Со измените на Кривичниот законик го урнисаа правниот поредок и обезбедија амнестија на сите оние што досега го направија грабежот на граѓаните кој се проценува на над 10 милијарди евра во последните дваесетина години.

За да има одговорност и коренити реформи мора да има промени.

Само чесни кадри со знаење и државничко искуство можат да воспостават систем на владеење на правото, да ги заштитат националните интереси и да отворат перспективи за развој.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners