28.03.2021
Демократски сојуз: Амандманската расправа да трае најмногу 10 дена
Демократскиот сојуз ја иницира потребата да се измени Деловникот за работа на Собранието на РС Македонија, со кој ќе оневозможи блокада на носењето на закони. Предлагаме амадманската расправа да не може да трае подолко од 10 дена, освен кога се работи за закони со кои се регулират прашања сврзани со националниот идентитет и јазикот, како и законите со кои се создаваат финансиски обврски.
Праксата покажа дека секој пратеник со неограничен број амадмани може да блокира донесување на закони и во суштина Парлментот да го блокира.
Во сите парламентарни демократии, мнозинство на пратеници носат закони, а во никој случај пратеник или пратеничка група можат со поднесување илјадници амадмани да блокират донесување на закон.
Демократскиот сојуз во оваа насока ќе иницира промена на Деловникот за работа на Собранието.