08.09.2021
Демократски сојуз: 30 години независност на Македонија
Демократскиот сојуз на сите граѓани им го честита Денот на независноста на Македонија, ден кога граѓаните плебисцитарно се определија за самостојна и независна држава.
Изминатите 30 години се соочивме со тешки предизвици и понекогаш носевме многу болни одлуки, но многу работи се одвиваа како на фимска лента.Во тоа време да се спротивставите на ЈНА, да организирате референдум за независност, да донесете Устав усогласен со европските вредности, да раскрстите со еднопартискиот режим и да воведете плурален парламентарен систем, се извонредно тешки одлуки.
Македонија се соочи со ембарго, со ултиматуми, со правење огромни отстапки, со менување на знамето, Уставот, името, со негирање на идентитетот и јазикот, но успеа и сега со гордост и високо крената глава можеме да славиме триесет години самостојност и независност, како држава членка на НАТО и кандидат за полноправно членство за ЕУ.
На Македонија и е потребно единство, сплотување, меѓусебно разбирање и стратегија за развој.
Нека ни е честит Денот на кој се остварија вековните стремежи на сите наши револуционери, илинденци, партизани и современици за независна држава.