Карла Дел Понте тврдела дека Ратко Младиќ се крие во Македонија: Павле Трајанов ѝ објаснил оти имаат информација каде е, но дека не е кај нас

12.6.2023

Карла Дел Понте тврдела дека Ратко Младиќ се крие во Македонија: Павле Трајанов ѝ објаснил оти имаат информација каде е, но дека не е кај нас

Павле Трајанов во интервјуто на „Република“, кое во целост ќе биде објавено утре, проговори за искуството што го имал како поранешен министер за внатрешни работи со Карла Дел Понте, која долги години беше главна обвинителка на Хашкиот трибинал.

Дел Понте во својата книга „Обвинителка во лов“ ја опишува средбата што ја имала со Трајанов во Скопје во 1999 година. Дел Понте тврдела дека има информации оти во Македонија се крие Ратко Младиќ. 

Трајанов во интервјуто објаснува дека тоа не било точно, иако имале точни сознанија каде е Младиќ.

-Колку што се сеќавам беа заедно со Весли Кларк.Таа се интересираше, но тоа не беше апсолутно точно. За Ратко Младиќ имавме точна информации каде е, но оти не е во Македонија. Јас презентирав дека Младиќ ја напуштил, дека во неговиот стан седи припадник на државната безбедност и оти апсолутно не се точни информациите дека ние го обезбедуваме и го чуваме.Тоа беше сосема погрешна информација.За жал тие имаа погрешни или провокативни информации да се сврти вниманието од другите настани. Македонија тогаш беше главен сојузник на НАТО, објаснува Трајанов во интервјуто за „Република“.

Извор



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners