Демократски сојуз: Неодговорноста и лакомоста за пари ја изгореа Универзална сала

10.04.2024

Демократски сојуз: Неодговорноста и лакомоста за пари ја изгореа Универзална сала

Демократскиот сојуз бара темелна истрага за причините за пожарот во кој изгоре Универзалната сала, еден од симболите на Скопје.

Овде во оваа сала се градеа илјадници музичари, актери, фолклористи и безброј други уметници, но негрижата на власта и лакомоста за провизии и пари ја изгореа истата.

Обидите за релативизирање на последиците од пожарот, дека истата е осигурана, дека металната конструкција е во ред итн, се само обиди за замаглување на одговорноста.

Демократскиот сојуз бара да се направи детална истрага и за тендерската постапка за избор на изведувачот на реконструкцијата на салата, потоа како е избрана фирмата која треба да врши надзор, колку се спроведувале заштитни мерки за превенција од пожар и друг вид на хаварии и слично.

Овој пожар само ја отслика неодговорноста и хаосот во  државата во кој нѐ внесе власта на СДСМ и ДУИ.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners