09.03.2022
Демократски сојуз: Да ги помогнеме земјоделците
Демократскиот сојуз предлага Владата на Македонија на дневна основа да ги следи состојбите во Украина и да презема мерки за ублажување на последиците, се со цел животот да се одвива нормално и да се води сметка за социјално загрозените категории на граѓани.
Во оваа насока посебно е битно да се поттикне производството на стратешки производи: пченка, јачмен, репка, ориз, како и одгледување на сточен фонд.
Цените на нафтата и гасот треба да се одржуваат во прифатливи рамки преку намалување на ДДВ и акцизите.
Во овие неизвесни состојби посебно за извоз на раноградинарски производи, ги повикуваме граѓаните да ги купуваат истите, се со цел да се намалат штетите и опстои производството.
Војната во Украина можно е да трае подолго, поради што неопходно е државните институции да се подготват за дејствување во сложени состојби, но не смеат да се блокираат реформите, клучни за евроинтеграцијата на земјата.
Европската Унија треба да направи исчекор и да ги отвори преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ.