Демократски сојуз: Левица ја копира Златна Зора

31.7.2024 

Демократски сојуз: Левица ја копира Златна Зора

Демократскиот сојуз е автентична политичка партија, препознатлива по своите принципиелни политички ставови. Демократскиот сојуз е партија која повеќе од 20 години ги брани и афирмира националните и државните интереси на Македонија, како и интересите на граѓаните.

Ние сме иницијатори и носители на проекти и закони за борба против криминалот.

Паушалните напади и плукањето по ДС станаа лоша практика на партијата Левица.

Ви порачуваме дека со плуканиците ќе направите кал и самите во неа ќе заглавите, слично или исто како што заврши Златна Зора (Хриси Авги) од Грција.

Македонија ќе цвета, да сте и вие чесни како што се чесни кадрите на ДС!

Нo, треба да се провери работата на 4-те директори на Левица во претпријатијата и установите на Градот Скопје, како и тоа - од каде се финансира антимакедонската кaмпања што ја спрoведува Левица, обидувајќи се да ја насочи Македонија кон авторитарните режими.

Само принципиелна политика е гаранција за опстојување вo политиката, екстремизмот и негацијата на сѐ и против сите, се сигурен пат кон буништето на историјата.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners