Трајанов: Не може играњето фудбал по канцеларии да мине неказнето – затоа СДСМ доживеа висок пораз, а ДУИ ќе оди во опозиција

28.5.2024

Трајанов: Не може играњето фудбал по канцеларии да мине неказнето – затоа СДСМ доживеа висок пораз, а ДУИ ќе оди во опозиција

Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз, во интервју за „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека политиките и однесувањето на власта, беше казнето од граѓаните на изборите.

„Не можев јас да предвидам која партија ќе победи, особено пред година и пол. Важно е дека го објавивме нашиот став дека државата оди во погрешна насока, важно беше да ги аламрмираме граѓаните дека власта е узурпирана. Не може да играат фудбали по канцелариите, и сето тоа да помине без последици. Цената ја плати СДСМ, затоа доживеаја таков пораз, но исто така ДУИ првпат заминува во опозиција“, изјави Трајанов.

Трајанов ја коментираше и заклетвата на Гордана Силјановска – Давкова каде што го употребуваше името Македонија, а потоа и Мицкоски кажа дека ќе го употребува само Македонија.

Трајанов кажа дека и тој ја нарекува така државата, но дека двете влади треба да организираат брза средба и да се решат сите недоумици.

„Неодамна бев во Грција на една конференција организирана од САД, и каде учествуваа носители на јавни функции на државите од Балканот, јас го поставив прашањето кон грчките политичари зошто вие не го спроведувате Преспанскиот договор, меѓудругото освен протоколите, зошто не го почитувате, наместо Скопје, да го кажувате Северна Македонија. И во сите овие состојби важно е дека претседателот на Владата на Грција Мицотакис, почна да го користи Северна Македонија. Досега беше Скопје, вашата страна и така натаму. Што предлагам? Затоа што Давкова даде изјава, но и Мицкоски дадоа изјава дека нема да го користат Северна, но кажаа дека Преспанскиот договор е реалност, дека ќе ја почитуваат реалноста, но согласно одредбите на Преспанскиот договор, никогаш не може да ни забрани да го користи зборот Македонија. Јас исто така го користам името Македонија. Но треба да се организира побрза средба меѓу Мицкоски и Мицотакис, овие дилеми неразјаснети работи спорни работи да се расчиостат, и тоа е во интерес и на Грција и на Македонија“, вели Трајанов.

Извор



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners