ДЕМОКРAТСКИ СОЈУЗ: НЕМА ДА ПАРТИЦИПИРАМЕ ВО РАБОТНАТA ГРУПА ЗА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ

8.4.2023

ДЕМОКРAТСКИ СОЈУЗ: НЕМА ДА ПАРТИЦИПИРАМЕ ВО РАБОТНАТA ГРУПА ЗА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ

Демократскиот сојуз сметa дека пред да почне постапка зa внесување на Бугарите во Уставот, неопходно е од Бугарија да се обезбеди реципроцитет, Македонците да бидат признаени и да можат да се организираат и здружуваат преку формирање културни центри, здруженија на граѓани, политички партии и други форми на асоцијации, заради негување и афирмација на културните, јазичните,  историските и другите обележја, права кои во Македонија ги имаат сите етнички заедници, вклучително и Бугарите.

Сѐ додека Бугарија го негира македонскиот народ, како и автентичноста на македонскиот јазик, Република Македонија не треба да почнува постапка за промена на Уставот. Поради тоа, Демократскиот сојуз нема да номинира свој претставник во работната група за промена на Уставот.

Демократскиот сојуз бара Владата на Република Македонија директно, како и со помош на ЕУ и САД, да инсистира на признавање на Македонците во Бугарија.

Признавањето на Македонците во Бугарија ќе биде мал чекор на  официјална Софија, но со историски димензии и почеток на нормализација на односите помеѓу Македонците и Бугарите, како и помеѓу двете држави, Македонија и Бугарија.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners