ВИДЕО | Трајанов: Бугарија ги спроведува руските интереси на Балканот, треба да истражат службите за разузнавање кој стои зад палењето во Битола

08.06,2022

ВИДЕО | Трајанов: Бугарија ги спроведува руските интереси на Балканот, треба да истражат службите за разузнавање кој стои зад палењето во Битола

 

 

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов го коментираше вчерашното апсење на пејачот Ламбе Алабаковски кој е осомничен за потпалување на пожарот во Центарот за култура во Битола и смета дека целиот случај има сосема поинаква позадина.

-Односите помеѓу Бугарија и Македонија се на најниско историско ниво. Ова не е автентична бугарска политика што се води спрема Македонија, со ставањето на ветото, туку е политика на Русија на Балканот. Русија си ги штити своите интереси преку Бугарија, Тоа се случи претходно со Борисов, министерката за надворешни работи Захариева, Каракачанов, но најмногу слеп послушник на рускaта политика практично е претседателот на Бугарија, Радев,изјави за Утрински брифинг лидерот на ДС, Павле Трајанов, кој додава дека за жал Бугарија има влезено во руската агенда.

Трајанов оценува дека историски Македонија немала никогаш поддршка од Русија, а од друга страна војната во Украина покажа дека во државава постои големо проруско расположение.

-Ако погледнете во историскиот контекст во суштина Русија никогаш не се заложила за автентичните македонски интереси. Никогаш досега историски. Санстефанска Бугарија е руски производ, не знам колку пати Србија е помагана во Балканските војни, па и Грција. Ние не можеме да најдеме период кога Македонија е поддржана од Русија, а сега е чудна таа носталгија. Има религиозни совпаѓања, сличноста на јазикот. Има сериозно разочарување од политика на ЕУ која се покажа несериозна и неефикасна да испорача решенија за одредени проблеми. Притисокот е постојано врз Македонија. 30 години ни вршеа притисок да најдеме заедничко прифатливо решение со Грција за да влеземе во НАТО И ЕУ. Сега истата формулација ја користи. Формиравме комисија за да разговараме со Бугарија дали Гоце Делчев е Македонец или Бугарин. Тоа е голема грешка за нас како држава, немаме искуство и правиме стратегиски грешки од кои нема враќање, смета Трајанов.

Лидерот на ДС го оцени како провокација отворањето на самиот клуб на Бугарите во Битола, а спорно е и неговото име:

-Ванчо Михајлов е антимакедонист. Тој е против тоа Македонија да биде самостојна, независна држава, но тоа има свој контекст. Всушност Ванчо Михајлов, Тодор Александров и другите дејци се силата која ги обединуваше граѓаните околу ВМРО-ДПМНЕ. Се има генеза, ништо не е случајно, вели Трајанов.

Тој смета дека зад целиот случај веројатно стојат и странски разузнавачки служби и тоа останува македонските органи да го истражат:

Наш став е дека има друг начин да се искаже незадоволство, револт, а насилството апосолутно не го прифаќаме. Јас во ставот на ДС кажав дека мора да се бараат инспираторите, дали се тоа политичарите, медиумите кои креваа тензија околу целиот случај. Мора да има организатори, поширока организација. Веројатно вмешани се тука странски разузнавачки служби, за тоа да се случи, за да се блокира евентуалниот можен договор. Најмал проблем е лицето кога сега е под сомнение дека е извршител на тоа дело. Случајот не е за оправдување. Ако целото внимание го насочиме кон него, практично ќе се тргнат истражувањата кој стои зад сето тоа. Веќе реков дека Бугарија ги спроведува руските интреси на Балканот, рече Трајанов.

Запрашан дали ова е сепак руска провокација, Трајанов одговори:

-Односите меѓу Македонија и Бугарија се на најниско можно историско можно ниво. Се разбира дека МВР, разузнавањето и контраразузнавањето мора да водат сметка дека сега може предмет на напад да биде, да не посочувам, бугарската амбасада во Скопје, дописништвото на бугарската телеграфска агенција, или некој друг културен центар. Мора државата да води сметка да спречи. Превенирањето дава предност. Што е сега реакција на државата што го откри потпалувачот. Тој можеше да избега. Чинот е направен да предизвика вакво внимание дури да коментираат претседатели на држава, медиумите, Европската Унија и сторителот да и биде познат на јавноста. Можеше да има протест, се да е направи, но насилството апсолутно не е начин за искажување на револт или незадоволство, тоа мора да го осудиме, дециден е Трајанов.

Тој смета дека како држава треба да имаме јасно изграден став за тоа како ќе се водат преговорите со Бугарија и одговорност доколку се случи крах во преговорите:

-Не може министерот за надворешни работи да вика штотуку постигнавме договор од португалскиот предлог, а после да вели нема договор. Надворешната политика е многу сложена работа. Тој што мисли дека сам ќе може да ги разреши сите отворени прашања, мислам ќе удри со глава во ѕид. Затоа ние ќе бараме одговорност  ако доживееме крах. Тогаш ќе бараме одговорност од тие што се директно вклучени. Не е само министерот за надворешни работи, тука е претседателот на владата, поранешниот, актуелниот, тука е вклучен претседателот на државата, нагласува Трајанов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Текст



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners