Демократски сојуз: Владата да престане да ги третира учениците како експериментални глувци и да го врати предметот Историја

25.4.2023 

Демократски сојуз: Владата да престане да ги третира учениците како експериментални глувци и да го врати предметот Историја

Демократскиот сојуз го повикува Министерството за образование да ги прекине активностите за менување на наставната програма за шесто одделение и воведување нов предмет Историја и општество од следната учебна година кој треба да замени три одделни предмети, Историја, Географија и Граѓанско образование.

Предупредуваме дека со механичко мешање на наставните содржини на три различни предмети се маргинализира изучувањето историја, кој е исклучително важен предмет за сочувување и јакнење на националниот идентитет и за формирање на личноста на младите.

Демократскиот сојуз ја осуди оваа контроверзна образовна реформа уште кога беше ненаучно и насилно накалемена од тимот на екс министерката за образование Мила Царовска. Тогаш предупредивме дека експериментот кој преку спојувањето повеќе различни предмети ќе се испробува во Македонија, врз грбот на нашите најмлади, во таква форма не постои никаде во Европа и во цивилизираниот свет кон кој се стремиме.

Демократскиот сојуз инсистира дека спојувањето на предметот историја со повеќе други предмети, испраќа порака дома и кај нашите соседи дека на Македонците историјата не им е важна, што може да се сфати како сечење на корените на македонскиот народ и обид за негово бришење од картата на народите, поради што мораме да бидеме внимателни.

Во меѓувреме бевме сведоци на неспособност на Министерството да подготви учебници според новата наставна програма, а видовме и печатење нови учебници со скандалозни грешки. Во учебникот за историја и општество за петто одделение, на пример, беа погрешени страните на светот каде што пишуваше дека источен сосед ни е Албанија, а западен Бугарија и дека Монт Еверест е висок 29 илјади метри, наместо 8 илјади. 

Со брзоплето менување на наставната програма и пишувањето збирни учебници за три предмети, новите генерации ученици ќе бидат осакатени во знаењето, зашто ниту ќе научат историја, ниту географија ниту ќе стекнат граѓанско образование.

Не сакаме да веруваме дека овие реформи се како резултат на Договорот за добрососедство со Бугарија и одлуките што ги носи заедничката Комисија за историски и образовни прашања.

Ја повикуваме Владата да ги разгледа сите аспекти на реакциите од експертите и партиите и да престане да ги третира учениците како експериментални глувци и да го врати предметот Историја во формата како што досега се изучуваше, како посебен предмет.

 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners