ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ВМРО-ДПМНЕ, ПРОДОЛЖУВА СО МОНСТРУОЗНИ КОНСТРУКЦИИ И ОБВИНУВАЊА

23.01.2022

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ВМРО-ДПМНЕ, ПРОДОЛЖУВА СО МОНСТРУОЗНИ КОНСТРУКЦИИ И ОБВИНУВАЊА 

Само луѓе со криминален ум може да прават монструозни конструкции и да обвинуваат без ниту еден факт и доказ дека некој правел злоупотреби и криминал.

Членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ  се конструктори на ексел табели со вградување на лажни податоци или злоупотреба на податоци од редовната активност на компанијата.

Ја информираме јавноста дека, никој од Демократскиот сојуз не бил корисник на повластени карти за паркирање, ниту пак на било кој начин Демократскиот сојуз посредувал или влијаел некој да биде повластен при користење на паркинг место.

Лицата кои  ги спомнува ВМРО-ДПМНЕ, oд ДС, како повластени, сите се вработени во ЈП Паркинзи и имаат бесплатен паркинг, како што   тоа  е и сега со одлука на  новиот директор поставен од ВМРО-ДПМНЕ.Инаку во ЈП Паркинзи се вработени над 270 лица претпријатието има законска обврска голем дел на возила да ги ослободува од плаќање на паркинг, кои исто така се злоуптребени.

Демократскиот сојуз никогаш досега не го оштетил Буџетот на РСМ и тие обвинувања се несериозни и злонамерни.

Нема да ви поминат лагите, поготово што, кога бевте на власт, најмногу привилегии имавте обезбедено за вас,за раководството на ВМРО-ДПМНЕ, преку вашите инсталации и тоа  на криминален начин, но тие податоци и имиња ги сокривате.

Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во Градот Скопје, за 500 денари овозможуваше паркирање за советници во Град Скопје и други лица, а оваа одлука СДСМ ја промени, при што цената ја зголеми на 10.000 денари.

Со вакви конструкции многумина завршија  во затвор , ете затоа бараме повторување на постапката за монтираните политичко-судски процеси, за никогаш да не се повтори истото.

Демократскиот сојуз нема понатаму да учествува во ова лукративна драмолетка.

 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners