Демократски сојуз: Државниот врв сокриен од народот

3.8.2023

Демократски сојуз: Државниот врв сокриен од народот

Државниот врв вчера држеше говори на најголемиот македонски национален и државен празник, ИЛИНДЕН, далеку од народот, со силно полициско обезбедување и одбрани гости.

Имаше обид да се злоупотреби овој светол празник, да се повикува на илинденците и на востанието за наводно да покажеме и сега храброст за да се промени Уставот, за Македонија да ги почне преговорите за влез во ЕУ.

Многу е несоодветно кој било да се споредува со илинденците или со партизаните и да се повикува на народот, истовремено да се бега од народот или да се направи нешто што 80% од народот не го прифаќа. Неспорно е дека членството во ЕУ е наш национален, стратешки и државен интерес, но токму државниот врв нѐ заглави на тој пат со прифаќање на неприфатливи услови, со коленичење и сервилност, без консултации со народот, без стратегија и поширок политички консензус.

Доколку сакате да водите исправни политики, да спроведувате реформи и да создавате услови за подобар живот за сите граѓани, тогаш организирајте парламентарни избори.

Барајте поддршка, не бегајте, не се сокривајте од народот! 

Со политички блефови, театар, манипулации и злоупотреба на историските настани, нема да победите ниту ќе направите реформи, а уште помалку ќе обезбедите сплотеност и единство. Ќе „купите“ некој ден повеќе да бидете на власт, но народот ќе ве казни!

Национален, државен и граѓански интерес е да се организираат избори и да се проверат политиките кои се нудат.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners