ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ГО НАРЕЧЕ УСТАВНИОТ СУД „ИСПОСТАВА“ НА СДСМ

31.3.2023

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ГО НАРЕЧЕ УСТАВНИОТ СУД „ИСПОСТАВА“ НА СДСМ

Нарекувајќи ја одлуката на Уставниот суд за укинувањето на член од законот за платите на функционерите „неразумна и неодговорна“, претседателот на Демократскиот сојуз вечерва го нападна највисокиот суд на државата велејќи дека бил во дослух со владејачките партии, првенствено со СДСМ.

„Владата соучествува во одлуката и затоа ќе си понесе одговорност“, рече Павле Трајанов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 и додаде: Верувам дека оваа одлука е усогласена со политичкиот став на СДСМ и ДУИ, бидејќи Уставниот суд е партиска испостава на двете партии, но првенствено на СДСМ. Судиите во Уставниот суд не носат ниедна одлука без консултација и договор со владејачките партии“. Па уште додаде: „Ова е самоубиствена позиција на СДСМ“.

Пратеникот од ДС рече дека мора да се реагира преку законот за да се намалат коефициентите на функционерите.

На ова остро реагираше неговиот соговорник во емисијата, градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, велејќи дека е „срамно кога членови на парламентот повикуваат на беззаконие. Ова не е енормно зголемување на платите, туку само почитување на законот. Ќе научиме ли да го почитуваме законот“, запраша Јакимовски.

Тој го постави прашањето: „Зошто тој закон не е почитуван со години? Зошто не се почитувала одредбата за просечната плата и коефицинетите. Сега е усогласен и се крена револуција. Го слушам и претседателот на државата како повикува на беззаконие. Нѐ уби тој пуст популизам, тоа пусто додворување на народот“, рече Јакимовски, пренесе Независен Весник.

 

Извор  

 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners