Демократски сојуз: Политичка одговорност за криминалните групи во Македонија

4.12.2023

Демократски сојуз: Политичка одговорност за криминалните групи во Македонија

Демократскиот сојуз до семејството на Вања Ѓорчевска изразува длабоко сочувство и жалење за трагедијата што се случи.

ДС бара темелна истрага и расчистување на сите аспекти во врска со грозоморното убиство на Вања Ѓорчевска, како и ликвидацијата на Панче Жежовски. Преку темелна и сеопфатна истрага ќе се разјасни и дејствувањето на МВР.

Инаку, последните неколку години во Македонија делуваат класични мафијашки организации под заштита на партиите на власт поради што тие станаа недопирливи. Познати криминалци се фотографираат со функционери на СДСМ и ДУИ и се користат во изборни активнисти. Поврзаниста на политиката и мафијата ги пасивизира клучните државни институции, затоа криминалците збеснаа и станаа недопирливи.

Последниот крвав настан се случи во време кога се одржуваше конференција на Советот на ОБСЕ, во Скопје и во услови на преземни највисоки мерки на безбедност. Но, овој криминален чин покажа дека мерките биле фрлање прашина во јавноста. 

Очекуваме сите вклучени во овој криминален настан да понесат одговорност. МВР, ЈО И СУДОТ мора да работат ефикасно,одговорно и законито, без какви било пропусти и оправдувања.

Бараме Владата да прогласи Ден на жалоста, а лидерската средба да се одложи.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners