Демократски сојуз: СДСМ и ДУИ ја вовлекоа Македонија во слеп сокак

29.9.2024

Демократски сојуз: СДСМ и ДУИ ја вовлекоа Македонија во слеп сокак

Демократскиот сојуз укажува дека СДСМ и ДУИ, без поширока политичка и граѓанска поддршка и согласност ја прифатија Преговарачката рамка во која беа вградени сите барања на Бугарија, спротивно на Копенхашките критериуми, со што Македонија ја заглавија на евроинтеграцискиот пат.

Во Парламентот имаше можност да се испеглаат одредени решенија, посебно околу годишните протоколи (прегледи), македонскиот јазик и други идентитетски обележја, но СДСМ и ДУИ сакаа да имат монопол на процесот и ја прифатија рамката со надгласување.

Демократски сојуз смета дека е крајно неодговорно поради можното раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, одговорноста да се префрла на партиите од власта.

СДСМ и ДУИ наместо да покажат поголема одговорност и државничко однесување, тие ликуваат на оваа контраверзна одлука, која значи дополнителен, несоодветен и без издржани аргументи  притисок врз Македонија.

Процесот ќе се деблокира, но треба да покажеме единство и сплотеност, како и да ги актуализираме следните барања до ЕУ: Советот на ЕУ да донесе заклучоци со кои јасно ќе каже дека македонскиот јазик ќе биде службен по приемот на Македонија  во ЕУ, идентитетските прашања содржани во Преговарачката рамка не можат да бидат основа за блокада и да ја задолжат Бугарија, да ги спроведе одлуките на Меѓународниот суд од Стразбур, поврзани со правата на Македонците во Бугарија.

Инаку, Македонија треба да спроведе темелни реформи во многу области, пред се во судскиот систем и борбата против криминалот.

Независно од одлуката на Советот на ЕУ, Македонија може реформите да ги прави согласно КЛАСТЕРИТЕ од Преговарачката рамка, како и резултатите од скрининг процесот, вклучувајќи ги сите креативни кадри.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners