28.12.2022
Советничката Елизабета Стефковска, донираше новогодишни пакетчиња
Елизабета Стефковска, советничка од Демократскиот сојуз во Општина Кисела Вода, на 23. декември 2022 година се сретна со претставнички од Женскиот центар за психолошка поддршка, при што по повод претстојните новогодишните празници донираше 40 новогодишни пакетчиња за децата на жените, жртви од семејно насилство.
Исто така, Стефковска додели уште 60 пакетчиња за дечињата од социјално ранливите категории, како и за најмладите од населбата Припор, каде што и живее. Во соработка со здружението за поддршка, интеграција и ресоцијализација "Линк", вчера, (27.12.2022 година), Стефковска донираше пакетчиња и во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид "Димитар Влахов" Скопје.
Елизабета Стефковска на сите дечиња им посакува среќни новогодишни празници.