15.12.2023
Само Вистина - Гостин Павле Трајанов
Во најновото издание на емисијата „Само Вистина“ дебатираа Ристо Никовски и Павле Трајанов.
Трајанов: Дали ДУИ ќе се се согласи ако има 10 пратеници да добие колку и следи, а не 25% од фунциите? Никовски: Пржинската влада е апсурд и е неуставна.
Трајанов: Се води сметка само да се вработат партиски активисти, соседи, роднини, а СДСМ и ДУИ се во кадровска криза. Ковачевски доби на тацна да раководи со влада без државнично искуство и сега само ги извршува насокита на Ахмети. Без да се води сметка нема да имаме внатрешна кохезија и ќе се фрустрира мнозинството на Македонци и иселувањето ќе се зголеми. Владата на непринципиелни основи ќе донесе проблеми и во иднина. Дали ДУИ ќе се се согласи ако има 10 пратеници да добие колку и следи, а не 25% од функциите? По кој уставен основ има прв вицепремиер? Ако има избори на 8 мај и веќе следниот ден партиите што ќе прават Парламентарно мнозинство ние веќе треба да имаме подготвено состав на новата влада.
Никовски: Техничката влада беше интерес и на владејачката СДСМ да се укине. Ветија Албанец премиер за 100 дена и сега немаат маневарски простор. Инаку тоа е апсурд и понижувачко за државата е да има нешто надвор од уставот. Треба да се јави Уставниот суд како што се јави за платите и да каже господо ова не функционира. Немам против Албанците, сите нека бидат, но дека ќе бидат способни, а не дека ќе бидат албанци. Има еден куп евидентни случаи дека мнозинството работат против интересите на граѓаните, земете го само Бехтел и Енка, а тоа се толерира и продолжува понатаму.
Погледнете ја целосно емисијата „Само вистина“.
Извор