Трајанов: ВМРО-ДПМНЕ без коалицијата ВЛЕН во моментов има обезбедено 63-64 пратеници

14.5.2024

Трајанов: ВМРО-ДПМНЕ без коалицијата ВЛЕН во моментов има обезбедено 63-64 пратеници

ВМРО-ДПМНЕ без коалицијата ВЛЕН во моментов има обезбедено 63-64 пратеници, изјави во вечерашното издание на емисијата Аргумент Плус, претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов.

Тој не сакаше да прецизира кои се тие пратеници, но посочи дека се тоа пратеници од помалите партии кои порано, но и сега се дел од коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз. На прашањето ако се водиме од тоа кои од помалите партии од коалицијата со СДСМ и ДУИ, сега освоија пратенички мандат како ЛДП, НСДП и други, Трајанов нагласи дека тоа го остава на партиите да изнесат кои се тие. Вака широко организиран фронт изјави Трајанов, на ВМРО-ДПМНЕ му бил потребен за гласање на измените на Законот за Влада со цел да се дојде до реализација на изборните ветувања за нова структура на Владата со нови ресори или со укинување и прегрупирање на некои од нив, како и на многу агенции.

Во контекст на свечената заклетва на претседателката Силјановска Давкова во која го иззема новото уставно име на државата, Трајанов рече дека очекува набрзо да се стиши оваа галама и дека секако мора да се почитуват меѓународните договори но и да се покаже поголем сенс за нашите идентитетски одредби и потреби од страна на соседите Грција, Бугарија а потоа и од САД и ЕУ.

Извор



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners